Search

Кои мажи им се повеќе привлечни на жените?

Физичкиот изглед е првото нешто што жените и мажите го забележуваат меѓу себе. Но, една единствена промена може многу да ви го поправи љубовниот живот, барем така велат научниците.

Неодамнешно истражување во кое учествувале 8.500 жени покажало дека мажите со брада им се неодоливи на жените. Но, не сите жени сакаат мажи со брада.

Во текот на експериментот, на жените им биле прикажани фотографии од мажи од кои некои имале брада, а некои биле свежо избричени. Од жените било побарано да го оценат нивниот потенцијал за врска. Крајниот резултат е дека мажите со брада дефинитивно им се посимпатични.

Жените оценувале фотографии со свежо избричени мажи, мажи со брада од пет дена, мажи со брада од десет дена по бричењето и после еден месец. Најпривлечни се мажите со брада од 10 дена. На второто место се мажите со брада негувана неколку недели, а на третото место мажите со брада од три дена.

Психолозите што го спровеле истражувањето сметаат дека можно објаснување за овие резултати е што брадата традиционално се поврзува со зрелост и доминација во општеството.

Треба да знаете
Последни објави