Search

КОД: Кој е злосторникот што го праќал списокот на заболени од Ковид 19 по социјални мрежи- трагите во два правци, кон полиција или здравствен дом

Ексел документ пресликан во две фотографии. На него имиња, адреси, телефонски броеви, возраст и забелешка каде се сместени. Вкупно 44 графи што означуваа колку пациенти во Куманово се заразени со Ковид 19. Истражувањето за овој документ е објавено во емисијата КОД на 12.04.2020.

КОД откри дека овие фотографии првпат се споделуваат преку социјалните мрежи на први април. Тоа го покажува и документот на кој на врвот стои Општина Куманово заклучно со 30-ти март. Не станува збор за првоаприлска шега, туку некој кој имал пристап до списокот ги сликнал списоците со сите податоци на болни, заразени луѓе. Потоа таа слика се споделува од некој злосторник која ја искористил шансата бидејќи имал пристап до податоците.  Во тој момент во Куманово има регистрирано двајца починати од Ковид 19 кои со личните податоци ги има во сликаните документи и вкупно 47 потврдени случаи на корона вирус. Тој ден бројот на заразени во Куманово се дуплира од 24, за еден ден имаше 23 позитивни тестови.

Фотографиите се споделуваат преку социјални мрежи и на први април вечерта, но продолжуваат да се споделуваат и препраќаат и наредниот ден на втори април.

За нив разбира и полицијата и центарот за јавно здравје во Куманово. Веднаш е отворена постапка, истрага за да се открие изворот на фотографиите. До петокот 10-ти април, 9 дена уште немаше никаков епилог потрагата. Тогаш дирекцијата за заштита на лични податоци поднесе кривична пријава против непознат сторител. Обвинителството се вклучи во барањето.

Според сознанијата на КОД во целата постапка е вклучена и внатрешната контрола на МВР. И полицајци имале пристап до списокот. Но се уште нема откритие кој го проби и украде списокот. Вкупно три различни институции имаат пристап до него.

Список на заболени во ексел документ прави државниот Институт за јавно здравје, но и Центарот за јавно здравје, Куманово каде пристигнуваат информации од тестирањата на Ковид 19. Таму се прави листата со основните податоци. Во таа здравствена институција во Куманово десетина луѓе имаат пристап до податоците. Надлежните од центарот не сакаа да дадат повеќе информации и да споделат сомнежи бидејќи во тек е полициска истрага.

Информациите се споделуваат со општинскиот кризен штаб во кој членуваат претставници на повеќе институции, полиција, ЦУК, армија, локални претставници, првите луѓе на болницата и на центарот за јавно здравје. Веднаш по пројавените информации, градоначалникот Максим Димитриевски кој го води штабот ја известил кумановската полиција и побарал истрага. Документот не е споделуван на штабот ниту сум го видел, вели Димитриевски.

Целиот текст погледнете го на ТЕЛМА

Треба да знаете
Последни објави