Search

Кога сте подготвени за купување на вашиот прв нов дом

Купувањето на вашиот прв нов дом-стан е една од најважните одлуки и претставува пресвртница во вашиот живот. Локацијата, цените на пазарот, дилемата за стара или нова градба, се само мал дел од елементите што треба да се земат предвид при правењето на „големиот чекор„ – поседување сопствен дом. Со оваа одлука следат промени, започнуватесвој независен живот и сте одговорни за сопствениот недвижен имот.Меѓутоа, ако се прашувате дали сега е вистинското време за таква инвестиција, еве 5 знаци за тоа.

1. Не сакате да живеете во изнајмен стан Ако сте млад човек со неколкугодишно работно искуство, многу е веројатно дека веќе сте биле станар во изнајмен стан на едно или повеќе места. Иако тој живот на почетокот може да изгледа забавно, по некое време едноставно не сакате да издвојувате пари за кирија или повеќе да живеете со родителите. Да се ​​биде сопственик на имот ви дава слобода. Купувањето стан наместо изнајмување има многу смисла не само за младите, туку и за постарите лица. Добра причина да купите сопствен стан е ако планирате да стапите во брак или да живеете со партнер-ка. Ова е совршена можност заедно да го планирате и изградите вашето партнерство и да го направи вашето животно патување уште повозбудливо.

2. Имате потреба за одговорност Како ни одминуваат годините, толку повеќе чувствуваме потреба да се менуваме и да преземаме нови улоги во животот. За целосно стекнување одговорност, важно е од почеток да знаеме дека се што се случува со нашите недвижности, ќе биде на нас. Затоа, добар избор е да купите недвижен имот во нова зграда, со цел да избегнете дополнителни трошоци и да заштедите време за реновирање. Препознатливи сме по квалитетот кој го создаваме со примена на современи стандарди и технологии во изградбата. При изведбата, користиме исклучиво високо квалитетни материјали од реномирани производители, додека фасадата задоволува А-стандард за енергетска ефикасност.

 

3. Имате стабилни финансии Најважниот сегмент при купување се дефинитивно финансиите што ги поседувате. Внимателно пресметајте ги вашите финансии и ставете на хартија онолку колку што можете да инвестирате. Оваа пресметка ќе ви помогне подоцна да се ориентирате и да не отидете премногу далеку од целта. Треба да ја разгледате вашата финансиска состојба пред да купите стан, особено ако ви треба заем. Тоа значи постојана работа со редовен приход и сигурност во наредните години. Недвижниот имот е генерално одличен избор за инвестирање. Може да генерира постојан пасивен приход и со тоа може да биде добра долгорочна инвестиција доколку вредноста се зголеми со текот на времето. Инвестицијата во недвижности дефинитивно можете да ја користите како дел од вашата целокупна стратегија за започнување на градење на финансиски стабилен живот. Компанијата Саник 15 години е посветена на креирање и создавање на урбани и функционални станбени и деловни простори со уникатен дизајн кој се идеална можност за сигурна и долгорочна инвестиција.

4. Сакате независност и сопствен приватен простор Сигурно, барем во некои моменти, сакате да стекнете независност и да имате свој приватен простор во кој ќе изградите живот што ви одговара. Прво, размислете за градот во кој живеете, за работата што ја имате и за сите други работи што ве врзуваат за него. Ако одлучите да живеете во главниот град,тогаш нашите станбени објекти  ќе бидат вашиот вистински избор.Тие се изградени на атрактивни локации кои се оддалечени од големите сообраќајници, а сепак во непосредна близина на трговски центри, маркети и образовни установи.При осмислувањето на нашите проекти и при изборот на локација се водиме од најчестите побарувања на нашите клиенти во однос на најпрактични архитектонски решенија, беспрекорен квалитет на материјали, безбедност, енергетска ефикасност, мирно и зелено опкружување и лесна пристапност.   5.Спремни сте да донесете вистинска одлука Природно и здраво е да се дејствува претпазливо, купувањето на првиот имот не е мала работа. Нашите објекти се наоѓаат на атрактивни локации а големиот избор на карактеристични станбени единици во различни квадратури ќе одговорат на различните потреби на идните станари.   Нашиот тим составен од професионални и искусни архитекти при осмислувањето на објектите секогаш е инспириран и ги става во фокус желбите и потребите на купувачите. Тие со својата иновативност и дизајн ве приближуваат кон светските модерни и функционални домови. Следете ја нашата компанија, погледнете ги тековните понуди и идните проекти на станбени единици и инвестирајте во трајни вредности за вашите идни генерации. 

 

Треба да знаете
Последни објави