Search

Кога се пребарува зборот „идиот“ на „Гугл“ се појавуваат фотографии од Трамп

Кога ќе го напишете зборот „идиот“ на „Гугл“ и кликнете на опцијата „имиџис“ на врвот на страницата се појавуваат фотографии од американскиот претседател Доналд Трамп, и на речиси секоја од нив тој има шокиран израз на лицето.

Врската меѓу поимот „идиот“ и фотографијата од Трамп некои ја поврзуваат со фактот дека британските демонстранти ја додале песната од групата „Грин деј“ – „Американ идиот“ на врвот на британските листи за време на посета на американскиот претседател.

Исто така,  на вебсајтот „Редит“ поставени се текстови што содржат фотографии од американскиот претседател покрај кои се наоѓа и зборот „идиот“. Целта била манипулирање со базата на податоци на пребарувачи, која во пракса е позната како „Гугл бомбардирање“.

Извршниот директор на „Гугл“, Сандер Пичаи, рекол дека на резултатите од пребарувањето не влијаат вработените во „Гугл“ и дека тие не се политички пристрасни.

Моментално зборот „идиот“ е најпребаруван збор на интернет во Америка.

Треба да знаете
Последни објави