Search

Кога може претседател да се одбира со 40 отсто излезност, зошто да не може и референдум

Кога може претседател да се одбира со 40 отсто излезност, зошто да не може и референдум

Вицепремиерот и преговарач со ЕУ, Бујар Османи, денеска во Брисел по повод стартот на скрининг-процесот на заедничка прес-конференција со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан даде по малку контроверзен одговор на новинарско прашање. алудирајќи на тоа дека референдумот ќе се смета за легитимен дури и ако има 40 отсто излезност од вкупниот број на гласачи.

Според законите, за да се избере претседател на Македонија потребен е цензус од 40 отсто во вториот круг, а во спротивно, изборите се неважечки.

– Граѓаните ја разбираат важноста на моментот, сите испитувања на јавното мислење тоа го покажуваат, сите етнички заедници. Ќе има и излезност и позитивно гласање. Понатаму ќе се влечат другите чекори врз основа на волјата на граѓаните. Целта на референдумот е да се испита политичката волја на мнозинството граѓани. Ако може на претседател на Македонија да му се дава легитимитет со 40 отсто излезност, може и на ваков важен процес – изјави Османи во Брисел.

Во 2009 во вториот круг победи Ѓорѓе Иванов со едвај 42,61 отсто излезност и тоа со заеднички договор за поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Во 2014 гласањето беше помасовно, благодарение на тоа што истовремено додека беше вториот круг на сит ден се одржуваа и парламентарните избори, а тогаш Иванов го освои вториот мандат.

Османи пред заминувањето во Брисел го искритикува Иванов во негово лично име поради неговиот став за бојот на референдумот, што ќе се одржи в недела. Претседателот вчера го повтори ставот за време на настапот на Генералното собрание во ОН во Њујорк.

Треба да знаете
Последни објави