Search

Ковид-19: Црни рекорди на Балканот

Во изминатото деноноќие во Европа се регистрирани над 140 илјади нови случаи на коронавирус, со што бројот на позитивни на континентот, според податоците на Ворлдметерс сега изнесува  9. 851,825. Како и во цела Европа, и на Балканот се разгорува епидемијата на коронавирус и секојдневно се бележат нови црни рекорди.

Во Србија, тестирани се 9.531 примерок во последните 24 часа и потврдени се нови 1.817 случаи на коронавирус, што е најмногу за еден ден од почетокот на пандемијата. Од последици на Ковид-19 починааа шест лица.

Според Министерството за здравство, во моментов се хоспитализирани 1.122 лица, од кои 51 се на апарати за дишење. Од вкупниот број заразени, 54 отсто се во Белград.

Од почетокот на епидемијата во Србија, заразени се вкупно 46.954 лица, од кои 820 починале. Тестирани се вкупно 1.338.631 лице.

И во Бугарија е регистриран рекорден број на нови позитивни случаи. Во последните 24 часа се регистрирани 2.891 нови случаи на коронавирус, најмногу за еден ден од почетокот на пандемијата, а 29 пациенти починале. Во моментов има 29.910 активни случаи, од кои 2.447 се хоспитализирани, вклучително и 165 кои се на одделите на интензивна нега. Вкупно, од почетокот на пандемијата се заразени повеќе од 51.000 луѓе, а бројот на починати се искачи на 1.254.

Во изминатите 24 часа, тестирање на вкупно 3.891 лабораториски примероци беше спроведено во БиХ, а коронавирусот е потврден кај 1.912 лица, што е најголем број на случаи за еден ден од почетокот на пандемијата.

Во изминатите 24 часа, 2.217 примероци беа поднесени во Институтот за јавно здравје на Федерацијата БиХ, од кои 1.070 беа позитивни за САРС-КоВ-2, пренесува Потал Кликс. Регистрирани се нови случаи во сите кантони во Федерацијата БиХ. Досега се тестирани вкупно 206.236 примероци, а потврден е коронавирус кај 31.671 поединец. Во моментов, активни се 11.462 случаи позитивни на SARS-CoV-2. Во изминатите 24 часа, пријавени се 15 нови смртни случаи во ФБиХ.

Во последните 24 часа биле тестирани 1.674 лабораториски примероци во Република Српска, а вирусот е потврден кај 842 лица. Седум смртни случаи биле пријавени во Институтот за јавно здравје на РС, во кои било потврдено присуство на коронавирусот. Досега се потврдени 17.846 случаи во РС, а вкупно починаа 416 лица кај кои претходно беа позитивни на коронавирусот.

Во изминатите 24 часа, во Хрватска се регистирани 2.769 нови случаи на инфекција со новиот коронавирус, а бројот на активни случаи во Хрватска вкупно 15.952. Меѓу нив, 1.049 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 82 се на апарати за дишење.Петнаесет лица ги загубија животите во изминатите 24 часа.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 49.316 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 546 починале. Во самоизолација се 27.940 луѓе. Вчера беа регистрирани 2.772 нови заразени, а починаа 20 луѓе.

Во Романија, Ковид-19 е потврден кај 5.753 лица во последните 24 часа, додека 101 лице починало. Досега се заразени вкупно 241.339 лица. Бројот на починати се искачи на 6.968.

Во Романија, вчера беа регистрирани 6.546 новоинфицирани лица, што е рекорден број на нови случаи од почетокот на пандемијата.

Во последните 24 часа, во Црна Гора се регистрирани вкупно 320 нови позитивни случаи на САРС-КоВ-2. Четири смртни случаи поврзани со инфекција со Ковид-19 биле пријавени во Институтот за јавно здравје кај пациенти од Цетиње, Бјело Поjeе, Бар и Улцињ. Бројот на активни случаи во таа земја изнесува 3.830 лица.

Во изминатото деноноќие во Словенија се пријавени 1.796 нови случаи на коронавирус, од вкупно тестирани 6.710 примероци, што значи дека стапката на зараза се спушти на 26,8 отсто од 28,2 отсто днеот претходно. Во болниците се лекуваат 779 лица, за разлика од 703 ден претходно, додека бројот на пациенти на одделите за интензивна нега остана на 122. Од последици на Ковид-19 починаа уште 23 лица, од кои осуммина во домашни услови, а 15 во болнички.

Поради зголемениот број заразени, посебно оние на кои им е неопходно болничко лекување, албанското Министертво за здравство и социјална заштита, информираше дека е отворена трета ковид болница. Првите пациенти со Ковид-19 се примени синоќа, откако целосно се пополнети капацитетите на двете ковид болници, Инфективната клиника и болницата „Шефќет Ндроќи”. Вчера во Албанија беше регистриран нов негативен рекорд од 319 новозаразени или 21 отсто од тестираните, како и најголем број на хоспитализирани или 301 лице.

Треба да знаете
Последни објави