Search

Ковид-19: Сексуалните работници во Франција бараат помош од државата

 Здруженијата за одбрана на сексуалните работници, погодени од „екстремна финансиска несигурност” поради спроведувањето на ограничувањата за движење за да се спречи ширењето на коронавирусот, денес побараа од претседателот Емануел Макрон да создаде ургентен фонд, јави дописникот на МИА.

-Потребно е да се создаде фонд за итни случаи за да се овозможи замена на приходот за време на траењето на мерките, без услов за регуларност на престојот, напиша во писмото до шефот на француската држава Федерацијата црвен чадор, која ги здружува здравствените заедници на сексуалните работници.

Овој фонд ќе биде „единственото решение за да се спречи преземањето ризици поврзани со вршење на сексуална работа. (…) Тоа е прашање на јавно здравје “, се вели меѓу другото во писмото.

Со оглед дека не можат да работат за да ги почитуваат мерките на ограничување, проститутките забележаа пад на нивниот приход и се во „екстремна финансиска несигурност”, предупредуваат од здруженијата.

Сексуалните работници, од кои мал број имаат статус на самовработени, не можат да бараат помош од 1.500 евра ветени од државата на самовработените во обештетување за нивниот пад на дејноста. Здруженијата стравуваат дека „на краток рок, некои сексуални работници меѓу најсиромашните, сметаат дека се присилени да ги прекршат мерките, ова не поради не со радост, туку поради немање средства за егзистенција, затоа што станува збор за опстанок”. Се нагласува во писмото до претседателот Макрон.

Треба да знаете
Последни објави