Search

Ковид-19: Израелската војска и полиција спроведуваат рестриктивни мерки

Израел ќе распореди војници за да помогнат на полицијата во уличните патроли и да го контролира спроведувањето на итни мерки воведени поради коронавирусот, соопштија денеска воени извори.

Околу 500 војници од недела ќе и се придружат на полицијата, со задача да патролираат, изолираат и обезбедуваат специфични локации, да блокираат патишта, соопшти израелската армија, пренесува Танјуг.

Во Израел се пријавени 3.000 случаи на Ковид-19 и 10 смртни случаи, а властите одлучија да ги заострат мерките и побараа од граѓаните да не ги напуштаат своите домови под закана од казна.

Покрај тоа, Владата нареди затворање на училишта и бројни бизниси, што остави без работа околу половина милион Израелци.

Епидемијата има негативно влијание врз израелската економија, при што Владата објави економски пад од 2,5 проценти и тоа само доколку до крајот на април се укинат привремените мерки .

Треба да знаете
Последни објави