Search

Ковид-19 е трета најчеста причина за смртност во Шведска во првата половина од годината

Зa време на првите шест месеци од 2020 година, третата најчеста причина за смрт во Шведска била Ковид-19, соопшти Националната управа за здравство и социјална помош.

Вкупно 51.534 луѓе починале до крајот на јуни, од кои 14.000 се резултат на кардиоваскуларни болести, 11.600 од малигни заболувања и 5.500 од ковид. Следат мозочни болести и белодробни заболувања, како и смртни случаи како резултат на надворешни влијанија како што се сообраќајни несреќи, труење и самоубиство. Вкупно 25.609 жени и 25.925 мажи починале во периодот од јануари до јуни.

„ Ефектот на Ковид може јасно да се забележи во статистиката. Ковид придонесе за 10 проценти зголемување на смртноста кај жените и 14 проценти кај мажите во споредба со првите шест месеци од 2019 година, а во текот на април тоа беше дури и најчеста причина за смрт. За да пронајдеме иста вкупна стапка на смртност, кога станува збор за мажите, треба да се вратиме во 2013 година, а на жените до 2017 година “, објаснува Мона Хеугрен, раководител на одделот за статистика во Шведската национална управа за здравје и благосостојба.

Просечната возраст на починатиот во првата половина на оваа година беше приближно половина година поголема (82,5 години за жени и 77,6 години за мажи) во споредба со истиот период во 2019 година, што се објаснува со фактот дека од Ковид-19 се умира повеќе во на постара возраст отколку од други причини. Кога станува збор за ковид-19, просечната возраст на починатите жени била 85 години, а на мажите 80,4 години. Просечната возраст на луѓето кај кои ковид-19 била најголема причина за смрт е две години поголема отколку кај Швеѓаните кои починале од други причини.

Каква ќе биде статистиката за другите шест месеци од гоодината пред се завици од стапката на смртност во преостанатите 45 дена од годинава.

Шведска вчера воведе досега најстроги мерки. Досега можеа да се соберат до 300 луѓе на спортски и културни настани, а до 50 на други. Сепак, ограничувањето не важи за приватни и деловни собири, па и покрај препораката да се избегнуваат такви места, и натаму нормално работат рестораните, баровите, спортските сали, кината и трговските центри.

Она што ја прави Шведска сè уште најразлична од другите европски земји е ставот дека маските не се неопходни во борбата против пандемијата.

Во своето обраќање до нацијата, премиерот Лофвен имаше можност да ги повика граѓаните да носат маски барем во ситуации кога не може да се следи далечина, на пример во јавниот превоз, но на прашањето директно за маските, тој одговори: „Маските не се забранети во Шведска“.

Треба да знаете
Последни објави