Search

Ковач: Заостанувавме со 9 поени, а сега е време за решителен чекор кон титулата

Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач пред натпреварот од 33-тото коло на Бундеслигата против Р.Б. Лајпциг изјави дека Баварците долго време чекале за да ја преземат лидерската позиција. Тој додаде дека тимот сака да преземе решителен чекор кон освојувањето на шампионатот.

– Ние работиме подолго време, за да излеземе на врвот. Заостанувавме со девет поени. Сега сакаме да направиме решителен чекор кон освојување на шампионатот. Мануел Ноер се опорави речиси целосно. Се надеваме дека тој ќе може да се врати на тренинг следната недела. Вчера Хави Мартинез ја повреди ногата. Учеството му е под прашање за натпреварот со Лајпциг, изјави Нико Ковач.

По 32 круга, Баерн има 74 поени. Тие го надминаа тимот на Борусија Дортмунд, кој моментно е втор со 4 бода помалку.

Треба да знаете
Последни објави