Search

Ковач е прв пик на Херта за тренерската позиција

Поранешниот тренер на трофејниот Баерн Минхен, Нико Ковач, може повторно да преземе екипа од фудбалската Бундеслига. Пред два дена Јирген Клинсман поднесе оставка на тренерската позиција во Херта. До крајот на сезоната екипата ќе ја предводи Александар Нури.

Во текот на летото, Херта сака да назначи нов тренер. Ковач е прв на списокот на приоритетни кандидати од кои клубот сака да го избере новиот стратег.

Четириесет и осумгодишниот Хрват е роден во Берлин. Играше за Херта во 1991-1996 и 2003-2006 година.

Треба да знаете
Последни објави