Search

Ковачев: ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажува дека не ја познава историјата

Ковачев: ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажува дека не ја познава историјата

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажува дека не ја познава историјата и сака да всади омраза, ширејќи историски манипулации кон Бугарија, изјави денеска за БГНЕС европратеникот Андреј Ковачев.

Изјавата на Ковачев се однесува на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, во која тој наведува дека македонскиот народ ги издржал и „грчките андарти и колонизаторите, и германските и бугарските фашисти и нивните домашни соработници”.

– Портпаролот на партијата со четирите букви ВМРО зборува за „бугарски фашисти”? Недостиг од елементарно познавање на историјата за тоа каде биле ВМРО за време на бугарската администрација на Македонија или одново злонамерен од таа партија кон Бугарија? До кога ќе всадуваат омраза? До кога ќе ги повторуваат лагите на титовите и на бугарските комунисти?, наведува Ковачев.

Тој посочува дека дури и СДСМ во последно време не зборувале за „бугарски фашисти”, а „сестринската партија” која спаѓа во семејството на ЕНП, очигледно не може да се одвикне од тоа, додавајќи дека „веќе втората генерација во раководството на партијата расте со историски манипулации кон Бугарија”.

Треба да знаете
Последни објави