Search

Ковачевски: Потребно е да се забрза проектот за прочистителна станица во Скопје

Веќе има неколку проекти коишто се однесуваат на изградба на пречистителни станици. Најголемата е во Скопје. За жал, таа пречистителна станица практично е застаната. Таму имаше недоразбирања, помеѓу градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, тоа нека си го расчистуваат меѓу себе. Меѓутоа јас ги повикувам тој проект го забрзаат и Скопје да добие пречистителна станица како што добиле и како што добиваат и други градови, порача на денешната прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски.

Тој осврнувајќи се на управувањето со отпад во земјава, повика евроамбасадорот Дејвид Гид да изнесе податоци колку проекти на ИПА коишто се финансираат преку ЕУ се заглавени во општините, само затоа зашто, како што рече, биле почнати во времето на градоначалници на СДСМ, а сега има градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ние во моментов се наоѓаме во најголемата енергетска криза. Планот и во Европа и кај нас, бидејќи ние сме земја потписничка на Европскиот зелен договор, беше преминување брзо односно, да кажеме среднорочно, кон обновливи извори на енергија и доминатно производство на електрична енергија од сонце, ветер и вода, меѓутоа војната во Украина, недостатокот на енергенси, недостатокот на руски гас, не зборувам само згоелмената цена, зборува и за недостатокот, со оглед на тоа дека сите бевме сведоци за диверзиите коишто се правеа и на Северен тек еден и Северен тек два, предизвикаа во голема мера во Европа се уште се користат тадиционалните извори на електрична енергија, а тоа се нуклеарните централи во Европа и термоелетраните, особено во нашиот региони во регионот од земјите од ЈИЕ коишто денеска се членки на ЕУ, наведе Ковачевски, објаснувајќи ја состојбата со најавеното преминување кон обновливи извори на енергија со цел заштита на животната средина.

Но, како што нагласи тој, тоа не значи дека не работиме на нови извори на енергија и на нови инвестиции.

Треба да знаете
Последни објави