Search

Ковачевски: Не ни треба еуфорија и национализам, ни треба решение со Бугарија за да започнеме преговори со ЕУ

„Без да можам да алудирам на самото интервју на Зоран Заев и на реакциите кои следувале после тоа, мислам дека Договорот со Бугарија е добра основа за решавање на споровите, а со оглед дека во многу делови се работи за историски прашања треба да ги решат самите историчари. Нам не ни треба еуфорија, не ни треба национализам, туку ни треба решение кое ќе резултира со меѓувладината конференцијата во декември. Македонскиот идентитет и македонскиот јазик веќе се зацртани и тоа се нашите црвени линии Северна Македонија е втемелена со борбата на Македонската револуционерна организација, како и на Народно- ослбодителната борба. Не можам да коментирам нешто што не сум видел, затоа мојот став е дека ни треба разум за да стинеме до решение:“ изјави заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Иако тој во емисијата гостува за да зборува на економски теми, сепак заради актуелноста на изјавата на Зоран Заев за бугарска новинска агенција, водителката искористи прилика да праша за неговиот став во однос на преговорите со Бугарија.

Треба да знаете
Последни објави