Search

Ковачевски: ЕСМ е заштитник на цената на струјата за домаќинствата

 АД ЕСМ како компанија во државна сопственост нема обврска единствено и исклучиво да размислува за што поголем профит, АД ЕСМ има обврска да биде и заштитник на цената на струјата што ја плаќаат граѓаните, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Ковачевски, појасни дека на огласот за набавка на струја што го распишува универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, АД ЕСМ годинава има обврска да понуди 75 проценти од потребните количини на електрична енергија на граѓаните.

– Цената по која АД ЕСМ ја нуди струјата на ЕВН Хоум ги има предвид и ликвидноста на компанијата и економската (не)моќ на граѓаните. Затоа, цената на струјата што ја нуди АД ЕСМ е неколкукратно пониска од онаа на останатите учесници на тендерот. Тоа се трговски компании чија најголема одговорност е профитот. Ако АД ЕСМ не понуди 100 проценти од потребните количини струја за задоволување на потребите на домаќинствата, тогаш ЕВН Хоум ќе ги набави тие количини по далеку повисока цена. Тоа несомнено би предизвикало уште поголемо зголемување на цената на струјата. АД ЕСМ како компанија во државна сопственост нема обврска како некои други компании единствено и исклучиво да размислува за што поголем профит. АД ЕСМ има обврска да биде и заштитник на цената на струјата што ја плаќаат граѓаните, изјави Ковачевски во емисијата Отворено студио на Телевизија 24.

Треба да знаете
Последни објави