Search

Коби го користел хеликоптерот за најмали ситници, но никогаш не го купил

Фаталниот хеликоптер „Sikorsky S-76“ во кој загина Коби Брајант со години е тема на американските медиуми. Легендарниот кошаркар на Лејкерс го користел со години, со него дури доаѓал на натпревари од својот дом во Стејплс Центарот.

Сепак, интересно е што тој никогаш не го поседувал тој хеликоптер. Коби го изнајмувал и со текот на времето развил таков однос со компанијата за изнајмување што можел да го користи хеликоптерот кога сака.

Пред десет години, тој со хеликоптерот дојде на парадата за прослава на титулата, а две години подоцна му го позајми авионот на соиграчот Стив Блејк за да стигне на лекарски преглед.

Последната фотографија од хеликоптерот е од 14 февруари лани за Валентајн, кога ја однел својата сопруга Ванеса на романтична вечера.

Треба да знаете
Последни објави