Search

Коби Брајант и неговата ќерка Џиана погребани во петокот во кругот на семејството

Коби Брајант и неговата ќерка Џиана, кои загинаа на 26 јануари во хеликоптерска несреќа, биле погребани минатиот петокот во приватна церемонија, јавуваат американските медиуми.

Семејството се одлучило за мала и приватна церемонија далеку од очите на јавноста, во Корона Дел Мар, и со тоа е исполнета желбата на семејството во најинтимен круг да ги испрати своите најсакани.

„Ванеса и семејството сакаа приватен погреб, за да ја оплакуваат својата загуба. Церемонијата беше многу тешка и трауматична затоа што се уште не може да прифатат дека изгубиле две убави души“, пренесоа американските медиуми.

Јавното збогување со трагично починатата НБА ѕвезда и неговата 13-годишна ќерка, како и седумте други загинати во несреќата ќе се одржи на 24 февруари во „Стејплс“ центарот.

Треба да знаете
Последни објави