Search

Коалиција ,,Никогаш северна, само Македонија” – носител на листа во ИЕ бр 2 проф д-р ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ

Содржжина: Реакција на денешната изјава на Мицковски

Во име на Коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија” се обраќам до јавноста со цел да ја искажеме нашата згорзеност од денешната изјава на либералдемократот Мицковски на чело на ДПСМНЕ  со која по којзнае кој пат ја манипулира јавноста, сопственото членство и симпатизерите  дека ,,Гласот за малите партии е глас за Заев”. Сакавме да веруваме и сметавме дека лагите и манипулациите на овој квазидемократ наметнат на чело на ДПСМНЕ се намалени и упристоени, дека ке се надмине себеи и својот карактер и  ке се натрпеваура во духот на коректноста и демократичноста. Но се излажавме. Се повтори онаа народната ,,Волкот го менува влакното, ама никако карактерот.

Апропо неговото манипулативно и бесрамно тврдење ние на јавноста сакаме да и го порачаме следново:

Гласот за Мицковски и мицковистите е глас за соучесниците во промената на името. Тоа е глас за заштитниците на бегалецот од Будимпешта. Гласот за Мицковски е глас за оние кои бесрамно го лажат сопственото членство и јавноста , едно зборуваат дома, а друго пред мегјународната јавност каде клечат на коленици и се додворуваат.

Од друга страна сакаме јавно да и порачаме на јавноста дека гласот за Коалицијата ,,Никогаш северна само Македонија” е глас за чесните и праведните, наспроти сите оние ордаботувачи, амали на туѓиот и сопствен срам, рекетари, слуги, уценувачи  и заштитници на криминалот.ж

Гласот за Коалицијата ,,Никогаш северна само Македонија” е глас за оние кои што го љубат своето наспроти оние кои го грабаат нашето и го распродаваат заедничкото.

Гласот за Коалицијата ,,Никогаш северна само Македонија” е глас против СДССМ, против дезидеологизиринатото Мицковистичко ДПСМНЕ, глас против ДУИ.

Гласот за оваа коалиција е глас за оние кои имаат свој став, оние кои се праведни и чесни. Тоа е глас за народни пратеници а не за пратиски платеници , послушници и манипулатори

Треба да знаете
Последни објави