Search

Коалиција за европска Македонија:За иднината на Македонија сите треба да дадат придонес

Коалицијата „Заедно за европска Македонија” го повикува раководството на ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да разговара, да размислува и да биде посветено на иднината на европска Македонија.

Има уште време до референдумот, има време да се охрабрат и да одлучат да останат на зборот и на нивната повеќедецениска позиција, членството на Македонија во НАТО и ЕУ.

,,Граѓаните знаат дека најдоброто за секое семејство во Македонија и за нашата татковина е токму заедништвото и сплотеноста, како и одлучноста за членство во НАТО и во Европската Унија.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже одговорност и одлучност. Овој историски момент ги повикува членовите на ВМРО-ДПМНЕ да одлучат и да ја поддржат иднината на Македонија во европското семејство.Ние можеме да имаме политички разлики и да продолжиме со нашите секојдневни политички битки.

Но, за иднината на Македонија сите треба да го дадат својот придонес. Не смее да има неодговорност кога е во прашање иднината на Македонија.Да го дадеме нашиот глас за европска Македонија во најсилните сојузи во светот. Сите ние имаме одговорност да излеземе на гласање за да ја обезбедиме нашата иднина”, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави