Search

Кнајсел: Британците се добродојдени во Австрија

Австриската  министерка за надворешни работи, Карин Кнајсел, денеска им порача на Британците кои живеат во нејзината земја дека нивните права ќе бидат заштитени дури и во случај Велика Британија да ја напушти Европската унија.

– Без оглед на тоа каков ќе биде исходот, британските граѓани во Австрија можат да бидат уверени дека се добродојдени и дека нивните права ќе бидат заштитени. Вие сте драгоцени за нашата земја и сакаме така и да остане, напиша Кнајсел на Твитер.

Треба да знаете
Последни објави