Search

Клуч на врата за УБК, се формира Агенција за национална безбедност

Со 91 глас „за“ и без воздржани и „против“ пратениците го изгласаа законот за агенција за национална безбедност. За законот, со кој практично се става клуч на вратата на УБК, се согласија и власта и опозицијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека издејствувале да им бидат прифатени 60-ина амандмани кои се однесувале на јакнење на парламентарниот надзор, меѓу кои, како што истакна Емил Димитриев, претседател на една од надзорните собраниски комисии, издејствувале да нема повеќе тајни фондови на тајните служби. А заслуга на ВМРО-ДПМНЕ, како што рече тој, е и предлогот за полиграфско тестирање за вработените во агенцијата, како и увид во Комисијата за селекција на кадри, каде што ќе членуваат двајца пратеници. Тоа, според Димитриев, не значи партизирање, туку набљудување на процесот бидејќи пратениците ќе немаат право на глас.

Некои од пратениците од СДСМ сметаат дека законското решение е добро и квалитетно, а пратеничката Фросина Ременски потенцира дека имало можност за подобра безбедносна реформа. Таа предложи 30-ина амандмани, од кои повеќето беа отфрлени од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави