Search

Клучни личности од ЕУ неделава во Скопје, доаѓаат Столтенберг, Курц и Меркел

Клучни личности од ЕУ неделава во Скопје, доаѓаат Столтенберг, Курц и Меркел

Тоа што тројца светски државници неделава ќе дојдат во Македонија е уште еден позитивен сигнал, признание и поддршка за нашата земја, рече премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев на вечерашната трибина во Берово.

Заев ја најави посетата на генералниот секретар на НАТО Столтенберг, на германската канцеларка Меркел, како и на австрискиот канцелар Курц.

– Во среда вечер доаѓа Столтенберг, вторпат во шест месеци, во петок австрискиот канцелар Куурц, а во сабота Меркел. Доаѓањето на тројцата светски државници е признание за Македонија, позитивен сигнал. Тие ни подаваат рака за да одиме напред, истакна премиерот.

Според него, и опозицијата е свесна дека ова е моментот за ЕУ и НАТО,  моментот кога сите, како што нагласи, треба да бидеме заедно и да се обединиме за европска Македонија.

Треба да знаете
Последни објави