Search

Клупата на Зидан се ниша, Покетино е главен кандидат за наследник

Клупата на трофејниот фудбалска стратег Зинедин Зидан кај шпанскиот првак Реал Мадрид се тресе, бидејќи тимот е во резултаска криза. Реал Мадрид реди порази во Ла Лига и во Лигата на шампиони. По поразот од Шахтјор во вторникот  Зидан порача дека нема намера да поднесе оставка, но тоа не значи дека претседателот на „кралевите“ Флорентино Перез нема да му врачи отказ, ако наскоро не испорача резултати.

Шпанските медиуми веќе почнаа со шпекулации за идниниот наследник на Французинот на клупата во Мадрид. Како прв фаворит го одвојуваат Маурисио Покетино, кој е без работа една година по отказот од Тотенхем. Аргентинецот добро го познава шпанскиот фудбал, бидејќи беше играч, а потоа и тренер на Еспањол, пред да започне успешна кариера во Англија во Саутемптон и Тотенхем. Втор кандидат за клупата на Реал е клупската легенда Раул Гонзалес Бланко, кој моментално го тренира вториот тим на „кралевите“.

Треба да знаете
Последни објави