Search

Клубовите од Премиер потрошија рекордни 815 милиони фунти во јануарскиот преоден рок

Клубовите од Премиер лигата потрошија рекордни 815 милиони фунти во зимскиот преоден рок, покажуваат резултатите од анализата на ревизорската куќа Дилојт Спорт Бизнис груп (Deloitte’s Sports Business Group).

На чело на листата е Челзи, кој потрошил 37 отсто од вкупниот износ, што е повеќе од вкупната потрошувачка на сите клубови во Бундеслигата, Ла Лига, Серија А и Лига 1, се наведува во извештајот.

Лондонскиот клуб го урна британскиот рекорд со трансферот на аргентинскиот фудбалер Енцо Фернандез од португалска Бенфика за кого вчера, на последниот ден од преодниот рок, плати 106.8 милиони фунти (121 милиони евра).

Потрошувачката на водечките англиски клубови е речиси три пати поголема во споредба со минатиот јануари.

Треба да знаете
Последни објави