Search

Клоп ја воодушеви цела Србија со еден ситен детаљ на мечот против Звезда

Јирген Клоп и честиташе на Црвена Звезда за остварената победа над Ливерпул од 2:0, а покрај тоа што порача дека има премалку прсти на раката за да наброи колку грешки направиле неговите играчи на средбата која се одигра на „Маракана“, германскиот стручњак стана топ тема во јавноста кај нашиот северен сосед и поради еден прекрасен гест.

Германецот на својата јакна одлучи да ја носи „Наталиевата рамонда“(цвет со зелена боја), симболот со кој им се оддава почест на повеќето од еден милион Срби кои го загубија животот во Првата светска војна. Во овој период се одбележува стогодишнина од незаборавната голгота, а Клоп со својот потег успеа да ги освои српските фанови и добива безброј позитивни коментари на социјалните мрежи, но и од сите медиуми кај нашиот сосед.

Треба да знаете
Последни објави