Search

Клоп: Против Евертон можеме да докажеме дека шлаканицата од Астон Вила може да е и корисна

Тренерот на англискиот фудбалски првак Ливерпул, Јирген Клоп проговори за своето искуство по поразот од Астон Вила (2:7) во 4. коло од премиерлигашката конуренција.

– Ќе го кажам ова. Ноќта после тој дуел не беше најдобрата во мојот живот. Утрото се разбудив и сфатив дека морам да разговарам со моите момци. Тие ги немаше, па им напишав многу долга порака во која ги наведов моите размислувања за тоа што се случило. После тоа се чувствував многу подобро, можев да продолжам понатаму. Па ние го сторивме тоа. Имавме доволно време да го надминеме. Никогаш не сакате да изгубите. По поразот со резултат 2:7, вие сте уште полошо, но понекогаш ова може да биде од корист, и ние мора да го потврдиме ова. Веќе в сабота на натпреварот против Евертон, можеме да го докажеме тоа, и ова ја прави средбата навистина привлечна, бидејќи ќе се соочиме со тимот што е во подем, а ние добивме сериозна шлаканица во лице. Да видиме кој може подобро да се справи со тоа, додаде Клоп во изјавата за Би-би-си.

Треба да знаете
Последни објави