Search

Клоп: Притисок ќе има…

Манчестер Сити вчера славеше со 3:1 против Арсенал и така го зголеми притисокот врз Ливерпул во пресрет на вечерашниот натпревар на „Редси“ против Вест Хем.

Ливерпул и натаму е прв на табелата во Премиер лигата, а секако, како што ќе се наближува крајот на сезоната, ќе расте и притисокот врз клубот од „Енфилд“. За тоа е свесен и самиот Клоп кој што вели дека и минатата сезона ситуацијата била слична.

„Факт е дека имаме притисок, но имавме притисок и минатата сезона кога игравме кај Сити во четврт-финалето од Лигата на шампионите. Тогаш добро се снајдовме, а истото беше и против Рома во полуфиналето. Имавме притисок и во Премиер лигата затоа што требаше да победиме на секој натпревар“, изјави Јирген Клоп.

„Сигурно ќе има и нервоза, но ваквите работи се нормални во фудбалот. Ливерпул е без титула веќе 29 години, па ние ја сакаме титулата по секоја цена, иако немаме гаранции“, изјави Јирген Клоп.

Треба да знаете
Последни објави