Search

Клоп потврди дека Лалана заминува од Ливерпул

Тренерот на новиот англиски фудбалски шампион Ливерпул, Јирген Клоп го најави заминувањето на играчот од средниот ред Адам Лалана на крајот на сезоната 2019/20.

– Јасно е дека Адам ќе го напушти тимот ова лето. Иако тој сè уште не е заминат, мене веќе ми недостасува сè што е поврзано со него. Тој е неверојатен професионалец, еден од највлијателните фудбалери во однос на тренинзите, меѓу сите оние со кои сум работел во текот на мојата кариера. На Адам му посакувам се најдобро за неговата идна кариера. Ми се чини дека тој веќе стана легенда на Ливерпул, сега може да стане легенда во друг клуб, изјави Клоп.

Лалана се пресели во Ливерпул од Саутемптон летото 2014 година. На негова сметка се 22 голови и 22 асистенции на 178 натпревари за „црвените”.

Треба да знаете
Последни објави