Search

Клоп носи одела на свадби…

Различно се облекуваат тренерите за фудбалските натпревари. Од елегантни одела, спортски варијанти, до тренерки. Еден од оние стратези кој неможе да се види во елегантна варијанта е германскиот стартег Јирген Клоп кој сега го предводи актуелниот европски првак Ливерпул.

И на финалниот натпревар од Лигата на шампионите, кој за многумина се смета како врв во кариерата за стратезите, Клоп беше облечен во тренерки.

-Имам одела и ги носам само кога одма на свадба, погреби или кога некој ќе ме предупреди дека морам да бидат облечен во елегантна варијанта. Поради вратоврската неможам да дишам. Покрај тоа кога сум на клупата цело време скокам, гестикулирам, се движам и не се чувствувам пријатно – објаснил Клоп и дополнил дека економот во клубот секогаш има подготвено неколку варијанти што да облече за натпреаврот.

Не сакам да изгледам убаво крај-аут линијата. Важно ми е тимот да изгледа убаво – додва Клоп.

 

Треба да знаете
Последни објави