Search

Клоп не му остана должен на Карагер

Тренерот на актуелниот англиски фудбалски првак Ливерпул, Јирген Клоп не му остана должен на поранешниот капитен на „црвените“, Џејми Карагер, кој изјави дека многу пати го предупредил клубот, дека треба да ангажираат уште еден централен дефанзивец од светска класа.

Изјавата на Карагер дојде веднаш по поведата на коленото на Вирџил Ван Дајк, за кого сезоната е завршена.

-Не можеш да имаш четворица дефанзивци од светска класа, такво нешто нема никој. Ние сезоната ја почнавме со тројца (Ван Дајк, Матип, Гомез), атука е и Фабињо како нивна алтернатива и со неколку млади играчи, изјави германскиот трофеен стручњак Клоп и додаде:

-Карагер вели дека не работам добро, дека сум погрешил, е тоа е една од причините што луѓе како него не ја работат мојата работа.

 

Треба да знаете
Последни објави