Search

Клоп: Нема подобро место за работа од Ливерпул

Јирген Клоп го изрази задоволството од неговиот нов договор со Ливерпул и објави дека не размислувал да ги напушти „црвените”.

Германецот сериозно го трансформира тимот од Мерсисајд од неговото пристигнување во 2015 година, откако ги доведе до нов триумф во Лигата на шампионите, а сега е на пат да ја донесе првата титула во Англија по 30 години. Тимот е убедлив лидер по 16 кола.

– Овој клуб е фантастичен и не размислував да заминам. За секој во фудбалот кој бара највисока можна организација, огромна поддршка од навивачите и јасна визија на сопствениците за иднината, нема подобро место за работа од Ливерпул. За мене, ова е порака заснована врз она што досега го научив од нашето партнерство и се однесува на она што сакаме да го постигнеме. Кога гледам соработка која продолжува да се развива, чувствувам дека мојот придонес може само да се зголеми, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави