Search

Клоп: Нема да продаваме во јануари

 – Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп нема намера да се раздели со ниту еден од своите играчи во јануарскиот преоден рок. Неговите коментари доаѓаат откако Рома и Севиља побараа да го изнајмат Џердан Шакири, кој ретко влегува во игра за тимот од Мерсисајд.

– Поголемиот дел од декември и јануари на нашата клупа беа претежно деца. Прекрасни деца, но сепак деца. Како можеме да размислуваме да дадеме играч? Не разбирам. Не станува збор за Шак, туку за сите. Треба да ги задржиме за да ја решаваме нашата ситуација и да не им помогаме на другите клубови, вели Клоп.

Утре Ливерпул се гости на Вулверхемптон, во потрага по 22-та победа од 23 меча во Премиер лигата. „Црвените” имаат предност од 13 поени на врвот во пласманот, откако имаат два натпревари помалку од второпласираниот Манчестер Сити. И покрај неверојатниот настап, според Германецот има простор тимот да се подобри.

Клоп го пофали голманот Алисон, кој не примил гол од ноември. Тој рече дека Бразилецот ги „надминал очекувањата” од пристигнувањето во клубот.

– Како голман, знаевме што добиваме. Тој е неверојатен човек. Знаевме дека добиваме многу добар голман. Неговиот карактер е мирен, што ни помага многу. Тој се разви како голман и прави тешките работи да изгледаат лесни, рече менторот.

Треба да знаете
Последни објави