Search

Клоп: Кога Анчелоти дојде во Евертон, знаев дека добивме вистински конкурент

Тренерот на англискиот фудбалски шампион Ливерпул, Јирген Клоп, зборуваше за неговиот однос кон колегата Карло Анчелоти во пресрет на мечот со градскиот ривал Евертон кој ќе се игра утре со почеток во 13.30 часот. 

– Мојата врска со Анчелоти никогаш не била тајна. Само голема почит. Ова е прекрасна личност. Кога дознав дека тој ќе го предводи Евертон, помислив: „Ох, имаме уште еден вистински конкурент”.

Евертон заврши добра работа ова лето. Тие ги пронајдоа точно играчите што им беа потребни за да го засилат својот веќе квалитетен состав.

Сега, навикнат на барањата на Анчелоти, Евертон стана доволно силен тим, изјави Клоп.

 

Треба да знаете
Последни објави