Search

Клоп за трошењето на Челси: Не кажувам ништо без адвокат!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп признава дека „не го сфаќа“ неверојатниот јануарски преоден рок на премиерлигашките ривали Челси, кои потрошија 320 милиони фунти на осум играчи.

„Не кажувам ништо без мојот адвокат!“, изјави на шега Германецот, но потоа детално ги кажа своите проблеми: „Не го сфаќам тој дел од бизнисот, што можете, а што не можете да направите. За последните два преодни рока се работи за голема сума. Играчите кои ги донесоа, во ниту еден момент не си помислив: ‘Зошто го напрвија тоа?’. Сите се многу добри играчи и од таа гледна точка, честитки до нив ако го можат тоа. Не сфаќам како е возможно, но јас не сум тука да ги објаснувам тие работи. Се надевам вие го знаете тоа“, вели Клоп.

Запрашан дали очекува тимот на Греем Потер веднаш да е посилен, Клоп се согласува.

„Да, Греем го знае тоа. Не сум сигурен дали Тод Бели е заинтересиран за тие работи, но кога ќе научат да играат заедно ќе бидат посилни. Со таков квалитет тоа е неизбежно. Колку бргу ќе биде, тоа не можам да го проценам“, додава Клоп.

Треба да знаете
Последни објави