Search

Клоп за згуснатиот распоред на одигрување натпревари вели дека е „криминал“

Тимот на актуелниот англиски фудбалски шампион Ливерпул синоќа неочекувано беше поразен од Аталанта  во Лигата на шампионите на домашен терен со 2:0, што беше првиот пораз за избраниците на Јирген Клоп на „Енфилд“ уште од септември, 2018 година. По средбата, Клоп се осврна и на распоредот во Премиер лигата според кој сега Ливерпул треба да игра в сабота во првиот термин од 13:30 часот.

Ливерпул ќе гостува кај незгодниот Брајтон в сабота, а Клоп со циничен коментар се обрати до луѓето од „БиТи Спорт“ кои се одговорни за ваквиот распоред.

– Вие од „БиТи Спорт“ сте мои специјални пријатели и вие побаравте да играме в сабота во 13:30 часот што е криминал, ако бидеме искрени. Тоа нема никаква врска со вечерашниот натпревар, но ви честитам што го реализиравте.

– Во моментов мој единствен интерес е тоа што палците ми се исправени и што немам ниту еден повреден играч, па би требало да се подготвиме веднаш за таа средба, -изјави Клоп.

Треба да знаете
Последни објави