Search

Клоп за Алисон: Да знаев дека ќе брани вака, ќе платев двојно повеќе

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп не го криеше своето големо задоволство од победата над Наполи и пласманот на неговата екипа во осмина-финалето од Лигата на шампионите.

„Многу сум среќен и горд. Му благодарам на Енфилд. Немам зборови за да го опишам ова. Салах постигна неверојатен гол и немам поим како Алисон успеа да го одбрани тоа. Беше ова луд натпревар со многу контра напади, но бевме подготвени за ваква игра“, изјави Клоп и додаде:

„Да знаев дека вака ќе брани, за Алисон ќе платев двојно повеќе“, изјави Клоп.

Тренерот на Ливерпул на прашањето кој противник го посакува во нокаут фазата, накратко изјави дека откако се пласирале меѓу 16-те најдобри, сега не му е гајле против кого ќе играат.

Треба да знаете
Последни објави