Search

Клоп го сака само Де Лихт за засилување

Германскиот тренер на Ливерпул Јирген Клоп нема преголеми барања до управата за летниот преоден рок, тој го сака само капитенот на Ајакс, Матијс де Лихт.

Иако холандскиот фудбалер веќе долго време е на мета на Барселона, Јувентус и Манчестер Јунајтед, Клоп смета дека тој би бил совршено решение за Ливерпул, кој уште повеќе би ја зацврстил својата одбрана.

– Би ги имале најдобрите бекови во светот со Де Лихт и Ван Дијк. Тие се врвни одбранбени играчи. На Де Лихт можеби ќе му биде привлечна идеја да игра со Ван Дијк, изјави тренерот на „црвените”.

Инаку, европските шампиони имаа најдобра одбрана во Премиер лигата, примиле само 21 гол, но германскиот стратег сака уште повеќе да ја зацврсти последната линија на екипата.

Треба да знаете
Последни објави