Search

Клоп го истакна својот фаворит во борбата за титулaта во Серија „А”

– Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп откри за кој тим навива во шампионската битка во Серија „А”. Како што е познато, Јувентус, Интер и Лацио во моментов се на првото место.

– Јас го поддржувам Лацио. Мојот пријател и поранешен играч на Ливерпул, Лукас Леива, се бори за титулата во Серија „А”. Јас многу добро го познавам и Чиро Имобиле. Тој беше еден од моите играчи во Борусија (Дортмунд), изјави Германецот за „Раи”.

Тој додаде дека сочуствува со Маурисио Сари и Антонио Конте, но мисли дека Лацио може да ги изненади сите.

– Тие имаат навистина неверојатна сезона, додаде Клоп.

По 24 одиграни кола во Серија „А”, Лацио се најде на второто место во пласманот, откако е пред Интер со 2 бода и заостанува со еден од Јувентус.

Треба да знаете
Последни објави