Search

Клоп: Големите клубови треба да им помагаат на малите

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека големите клубови во Премиер лигата мора да најдат начин да им помогнат на тимовите од пониските дивизии во Англија, кои најмногу страдаа финансиски поради пандемијата на коронавирус.

Клубовите од второ, трето и четврто ниво, кои се под капата на англиската фудбалска лига, речиси и да немаат приходи поради недостаток на публика на стадионите и им е тешко да ги полнат своите буџети.

– Најнормално е луѓето што се во подобра позиција да им помагаат на луѓето во тешкотија. Јас не ја разбирам целосно структурата во Англија. Во Германија, на пример, има Бундеслига и Втора Бундеслига, тие ги делат истите проблеми и работите се полесни. Ситуацијата за сите клубови во моментов е комплицирана. Фудбалските клубови мора да си помогнат, прокоментира Јирген Клоп.

Треба да знаете
Последни објави