Search

Клоп ги соопшти имињата на играчите со кои Ливерпул ќе настапи на Светското клупско првенство

Тренерот на актуелниот европски фудбалски шампион Ливерпул, Јирген Клоп, денеска ги објави имињата на играчите со кои ќе настапи на клупското Светско првенство во Катар. Ливерпул како европски првак на овој турнир ќе одигра два натпреаври и тоа на 18 и 21 декември.

Во ростерот ги нема дефанзивецот Жоел Матип и играчот од средниот ред Фабињо кои не успеаја да се опорават од повреди. На списокот се најдоа:

Голмани: Алисон, Адријан, Енди Лонерган;

Одбрана: Вирџил ван Дајк, Дејан Ловрен, Џо Гомез, Ендрју Робертсон, Трент Александер-Арнолд, Неко Вилијамс;

Среден ред: Џорџињо Вајналдум, Џејмс Милнер, Наби Кеита, Џордан Хендерсон, Алекс Окслејд-Чемберлен, Адам Лалана, Џердан Шакири, Кертис Џонс, Харви Елиот;

Напаѓачи: Роберто Фирмино, Садио Мане, Мохамед Салах, Рајан Брустер, Дивок Ориги.

 

Треба да знаете
Последни објави