Search

Клое Кардашијан ги фалсификувала потписите на родителите за да го смени училиштето

Реалити-sвездата Клое Кардашијан (37) се чувствувала изолирано и осамено кога нејзините постари сестри Ким и Кoртни завршиле средно училиште, па „се запишала“ во алтернативна академска програма за која сметала дека повеќе ќе ѝ одговара.

Зборувајќи со Леоми Андерсон на нејзиниот подкаст Role Model, Клои се присети: „Одев во основно училиште ‘Монклер преп“ и навистина го сакав. Тогаш моите сестри одеа во исто средно училиште, католичко училиште за девојчиња,’Меримаунт’.

„Потоа морав да се префрлам за да бидам со нив. И кога моите сестри дипломираа, се чувствував толку сама и толку изолирана и едноставно не се поврзав.“

“Живеевме во Хиден Хилс и јас најдов едно домашно училиште, ‘Академија Александрија’. Немам идеја како го најдов, но таму се запишав. Го фалсификував името на моите родители,“ откри Клое.

Треба да знаете
Последни објави