Search

Клод Геант обвинет за „криминално здружување” за Либиско финансирање на кампањата на Никола Саркози

Поранешниот министер Клод Геант е обвинет за „злосторничко здружување” од истражните судии одговорни за истрагата за можното либиско финансирање на претседателската кампања на Никола Саркози во 2007 година, јави дописникот на МИА.

Националното финансиско обвинителство ја потврди оваа вест. Ова ново обвинение, против десната рака на поранешниот претседател по новото испрашување од истражните судии во средата, се очекуваше, бидејќи исто такво обвинение со истата квалификација доби и Никола Саркози во октомври.

На Никола Саркози во моментов му се суди во Париз во однос на друг предмет. Така тој стана прв поранешен француски претседател, на кого му се суди поради обвиненија за корупција и вршење илегално влијание врз судството. Никола Саркози, во овој предмет ризикува максимална казна затвор од десет години. Обвинението го товари 65-годишниот Никола Саркози, неговиот адвокат Тјери Херцог и поранешниот висок судски функционер Жилбер Азибер за корупција и нелегално вршење влијание врз судството, поради што ризикуваат десет години затвор и парична казна од еден милион евра.

Ако Никола Саркози на актуелново судење добие ослободување од обвиненијата, тој напролет ќе треба повторно да се соочи со уште две други судења, двете поврзани со финансирањето на неговите предизборни кампањи.

Треба да знаете
Последни објави