Search

Клиперс по продолжение го совладаа Бостон, нов рекорд на Дончиќ

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс му го нанесоа третиот пораз на Бостон Селтикс оваа сезона, откако утрово беа поуспешни со 107:104. Победникот во „Стејплс центар” во ЛА беше решен по дополнителни пет минути, бидејќи основните 48 минути завршија со нерешен резултат 97:97.

Лук Вилијамс со 27 поени беше најефикасен во домашниот тим, кај гостите од Бостон се истакна Џејсон Татум со 30 поени.

Лука Дончуќ одигра уште еден натпревар за рекорд во НБА, овој пат против вицешампиониот Голден Стејт. Далас ги разби Вориорсите со 142:94, а Словенецот за само 25 минути и 30 секунди во игра  постигна трипл-дабл со учинок од 35 поени, 11 асистенции и 10 скокови и така испиша нова историја. Дончиќ стана играчот со најмалку минути на паркетот кој успеал да постигне трипл-дабл со повеќе од 30 поени.

Денвер Нагетс во дербито на Западот забележаа победа 105:95 над Хјустон Рокетс. До
победата ги предводеше Никола Јокиќ со 27 поени, 12 скока и четири асистенции за 32
минути игра. Така Деневер ја прекинаа серијата од осум победи во која беа Хјустон и ја прекинаа серијата од 21 натпревар на кој Рокетс постигнувале најмалку 100 поени.

Бојан Богдановиќ беше најефикасен на натпреварот помеѓу Јута Џез и Минесота
Тимбервулвс. Хрватскиот репрезентативец ја предводеше Јута со 30 поени, четири скока и
три асистенции до победата 103:95.

Резултати на другите НБА натпревари играни ноќта меѓу среда и четврток:
Филаделфија – Њујорк 109:104
Вашингтон – Сан Антонио 138:132
Атланта – Милвоки 127:135
Бруклин – Шарлот 101:91
Далас – Голден стејт 142:94
Мајами – Кливленд 124:100
Торонто – Орландо 113:97
Чикаго – Детроит 109:89
Минесота – Јута 95:103
Денвер – Хјустон 105:95.

По поразот на Бостон, Милвоки е нов лидер во Источната конференција со биланс 11-3, исто колку што имаат и селтикс.

На Запад, прв е ЛА лејкерс со 12-2, пред Денвер кој има 10-3 и Хјустон со ефект 11-4.

Треба да знаете
Последни објави