Search

Клинтон, Грибаускајте и Јурова со поддршка за белоруските жени

 Поранешниот државен секретар Хилари Клинтон, екс-претседателот на Литванија, Далија Грибаускајте и европскиот комеасар Вера Јурова, снимија видео во поддршка на жените на Белорусија.  

Снимката е објавена на Телеграм каналот на Светлана Тихановска, која од од меѓународната заедница е призната за победничка на претседателските избори во Белорусија кои се оддржаа на 9 август. Во земјата од летото се одвиаат постојани демонстрации против режимот на повеќедеценискиот диктатор Александар Лукашенко. 

-Јас сум со жените на Белорусија, порачува секоја од нив во обраќањето на својот јазик и го повторува тоа на белоруски. 

Белоруската опозиција годинава е лауреат на Сахаровската награда за одбрана на демократијата, која ја доби вчера од Европскииот парламент. 

Треба да знаете
Последни објави