Search

Клиничките центри во Љубљана и Марибор добија кинески респиратори

Универзитетските клинички центри во Љубљана и Марибор добија на располагање кинески респиратори за дишење, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Од утрово тие веќе се монтираат во одделенијата за интензивна нега, а лекарите велат дека им се неопходни за успешно справување и третирање на пациентите заразени со Ковид-19.

Десет респиратори се за Клиничкиот центар во Љубљана, а десет за болницата во Марибор. Во овие две установи има најмногу пациенти кои се заразени со коронавирусот.

Министерот за економија Здравко Почивалшек објави дека овие се само дел од 40 респиратори од Кина кои ќе пристигнуват во Словенија наредните денови.

Треба да знаете
Последни објави