Search

Климов: Русија е подготвена да ги брани своите интереси на Арктикот

Заменик-претседателот на Надворешно-политичкиот  одбор на Горниот дом на рускиот Парламент, Андреј Климов денеска изјави дека Русија е подготвена да го брани својот интерес на Арктикот и покрај напорите на САД за контрола на тој регион.

– Некои земји мислат дека Арктикот е слободен за секого и дека тие треба да го контролираат, што значи: „Ако е слободен тогаш е наш”. Ние ги имаме нашите Вооружени сили за да ги заштитиме нашите легитимни интереси, рече Климов.

Тој додаде дека постојат меѓународни правила со кои е регулирано користењето на копното и морето на Арктикот.

– Ние одамна докажавме, од аспект на геологија и географија, кои области на земја и море гравитираат кон Руската Федерација, рече Климов.

Тој, исто така, потсети дека Русија на далечниот север поседува воени единици со кои може да ги заштити своите права.

Треба да знаете
Последни објави