Search

Климатски активисти го зазедоа црвениот килим на Венецијанскиот филмски фестивал

Стотина демонстранти го зазедоа црвениот тепих на Венецијанскиот филмски фестивал, барајќи да се преземат активности во борбата против климатските промени. Исто така бараат и да се забрани влез на крузерите во тој град.

Околу 300 демонстранти, во бели заштитни одела седнаа на црвениот тепих на кој во изминатите денови се сликаа холивудските ѕвезди како што се Бред Пит, Скарлет Јохансон и Јоакин Феникс. Опкружени од полиција, тие извикуваа слогани и носеа транспаренти со натписи: „Нашата куќа гори“ и „Не за крузерите“.

Фестивалот, што се одржува на островот Лидо, официјално се затвора вечерва.

Демонстрантите, вклучително и членови на италијански и странски групи, учествуваат во петдневниот климатски камп во Венеција.

Треба да знаете
Последни објави