Search

Климатските промени задолжителен дел од образованието во Италија

Италија следната година ќе стане првата земја во светот која во задолжителната училишна настава ќе воведе учење за климатските промени и одржливиот развој, изјавил министерот за образование, Лоренѕо Фиорамонти, кој во владата најагласно ја поддржува зелената политика.

Опозицијата го критикувала бидејќи ги поттикнувал учениците наместо на настава, да одат на протести против климатските промени.

Во интервју во неговата канцеларија во Рим, Фиорамонти рекол дека од почетокот на следната академска година, во септември сите државни училишта ќе посветат 33 часа во годината, речиси еден час неделно, за проблемите со климатските промени.

Традиционалните предмети како математика, физика и географија исто така ќе се изучуваат од перспектива на одржлив развој, рекол министерот, инаку поранешен професор по економија на Универзитетот во Преторија.

Треба да знаете
Последни објави