Search

Клер Болдинг: Животните ме обликуваа повеќе од луѓето

Само во Велика Британија има околу 12 милиони домаќинства со домашно милениче (тоа е околу 44%). Проширено во глобални размери, бројот на крзнени, лушпести, четириножни па дури шестоножни суштества кои живеат заедно со луѓето е огромен, пишува Би-би-си.

Без оглед на географија или вид, овие животни се за нивните сопственици многу повеќе од живи предмети кои го делат нивниот живот. Било да се работи за доверба, утешител, покренувач на живот или едноставно извор на безгранична забава, тие се личен херој на нивниот сопственик, без кој животот би бил толку посиромашен.

Клер Болдинг, ТВ-водителка на британскиот јавен сервис Би-би-си, е меѓу оние што ја прифаќаат оваа посебна врска. Таа пораснала опкружена со кучиња, коњи и понија и никогаш во животот не поминала време без животни.

И лично и професионално, како водител на емисии како што се Royal Ascot и Crufts , Болдинг живее и ја дише љубовта кон животните. Таа вели дека во нејзиниот живот, „животните ја обликувале повеќе отколку луѓето“.

“Тие ме направија пољубезна, потрпелива и поодговорна. Мислам дека многу луѓе се чувствуваат исто, иако можеби не го кажуваат тоа. Некои луѓе велат дека го сакаат своето домашно милениче повеќе од нивниот партнер, и мислам дека во некои случаи тоа е дефинитивно точно.“

Болдинг напиша книга што содржи 100 кратки фактички приказни преземени низ повеќе столетија и култури. Овие стории го прикажуваат придонесот на животните во човечкиот живот, преку зачудувачки дела и неизмерна лојалност, и за односот на луѓето кон нив.

Треба да знаете
Последни објави