Search

Клајверт: Не се каам што дојдов во Рома, но….

За талентираниот Џастин Клајверт минатото лето беа заинтересирани бројни клубови, а на крајот тој одлучи да се пресели во Рома.

После одличните настапи за Ајакс, Клајверт го привлече вниманието на најголемите европски клубови, а тој одлучи својата кариера да ја продолжи на „Олимпико“.

Оваа сезона, неговиот поранешен тим игра одлично, а неодамна Ајакс го шокираше Реал Мадрид, елиминирајќи ги актуелните европски шампиони од Лигата на шампионите, додека Клајверт и Рома беа елиминирани од Порто.

„Секогаш го следам Ајакс. Не се каам што дојдов во Рома, но понекогаш размислувам дека би било прекрасно да играм во екипа како таа што ја има Ајакс која го победи Реал. Напредував многу во Рома, но тоа не мора да значи дека не би напредувал и во Ајакс. Не знам дали ќе дојдев до репрезентацијата ако останев во Холандија“, изјави Клајверт

Треба да знаете
Последни објави